Центарот за
македонски јазик во Грција со задоволство нуди бесплатен онлајн курс по
македонски јазик за почетници.
Целна публика:
• Граѓаните на Грција кои имаат
малку или немаат воопшто познавање на стандардниот македонски јазик.
• Сите возрасни
групи.
Методологија:
• 100% онлајн, достапно во секое време.
• Учењето се одвива самостојно. Учи македонски постепено или интензивно - зависи од вас!
• Сите лекции се достапни во PDF и ВИДЕО формат преку нашиот Систем за управување со учење (LMS).
• Наставен јазик:
грчки
Содржина на курсот:
Курсот има вкупно 70 лекции, групирани во пет дела:
1. Македонска граматика: Прв дел (14 лекции)
2. Македонска граматика: Втор дел
(16 лекции)
3. Македонска граматика: Трет дел (10 лекции)
4. Македонски
вокабулар (20 лекции)
5. Македонска култура (10 часови)
За да ја видите целосната листа на часови кликнете тука.
Цена:
Бесплатно!
Упис/пријавување:
• За пристап до материјалите на курсот, од учесниците се бара да се регистрираат,
користејќи валидна е-пошта.
• По регистрацијата, најавете се на LMS преку
веб-страницата или со преземање на апликацијата „MAKEDONSKI.GR“ во App Store
(Apple) или Google Play Store (Android).
Регистрирајте се сега преку
овој
линк.
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
Заедничка европска референтна рамка за јазици (CEFR)
Заедничката европска референтна рамка за јазици (CEFR) претставува меѓународен стандард развиен од Советот на Европа за опис на јазичните способности.
Стандардот ја опишува јазичната способност на шест референтни нивоа (А1, А2, Б1, Б2, Ц1, Ц2), почнувајќи од нивото А1 за почетници, завршувајќи со нивото Ц2 за оние кои го владеат јазикот на врвно рамниште.
Имајќи предвид дека ова е курс по македонски
јазик за почетници, по завршувањето на сите 70 часови/лекции, учениците ќе го достигнат минималното ниво А1 и А2 за познавање на македонскиот јазик. Поточно, учениците треба да можат:
А1
– Основен корисник (Подготвително рамниште)
• Може да разбере и да користи познати секојдневни изрази и најосновни фрази во врска со задоволување на потреби од конкретен тип.
• Може да се претстави себеси и другите и може да поставува и да одговара на прашања околу лични детали од типот каде живее, кои луѓе ги познава и нештата што ги има.
• Може да води едноставен разговор под услов соговорникот
да зборува бавно и јасно и да е подготвен да помогне.
А2 - Основен корисник (Основно рамниште)
• Може да разбере реченици и често употребувани
изрази сврзани со области од најнепосредна важност (на пример, најосновни лични
и семејни информации, информации сврзани со купување, локална географија,
вработување).
• Може да комуницира во едноставни и
рутински задачи за кои е потребна едноставна и директна размена на информации
за познати и рутински работи.
• Може со прости зборови да опише
аспекти на своето образование, да ја опише непосредната околина и нешта во
области сврзани со непосредни потреби.
.jpg?alt=media&token=3684ac5d-cf12-4d46-96d3-4ee534a5ea2a)