Центарот за македонски јазик
во Грција претставува локална невладина организација, основана во текот на 2022 година. Барањето за регистрација на
организацијата беше одобрено од страна на судот на 28 јули 2022 година, додека
одлуката беше објавена во Билтенот за судски одлуки и публикации на 7 ноември
2022 година.
Целите на здружението се:
а) зачувувањето и негувањето
на македонскиот јазик во Грција.
б) поддршка за воведувањето на
македонскиот јазик како изборен предмет во државните училишта и универзитети во
Грција, особено во регионите на Западна Македонија, Централна Македонија и
Источна Македонија и Тракија.
Горенаведените цели се
постигнуваат со сите правни средства, особено:
а) преку изработка на наставен
материјал и се друго што придонесува за промоција и ширење на македонскиот
јазик во Грција.
б) преку организирање на
наставата по македонски јазик на граѓаните на Грција, особено во регионите на
Западна Македонија, Централна Македонија и Источна Македонија, каде што се
зборува македонскиот јазик.
в) преку соработка на здружението
со други здруженија кои имаат заеднички цели, со локалната самоуправа и други
специјализирани јавни или приватни тела.
Контакт:
Центар за македонски јазик во
Грција
info@makedonski.gr